Самир потпиша за Динамо Загреб, ќе заработи 2,5 милиони евра за три години

Бразилскиот фудбалер со хрватски пасош Самир се врати во хрватскиот првак Динамо Загреб. Тој потпиша тригодишен договор со „модрите“, кои оваа сезона со сите сили ќе се трудат да ја одбранат титулата во трката со Ријека, во која настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута. Оттаму и овој голем трансфер на Динамо Загреб, кој го доведе Самир за вкупна сума од 2,5 милиони евра.

Како што информираат хрватските медиуми, Самир ќе има месечна плата од 20.000 евра, но во две рати дополнително ќе добие вкупно 1,77 милиони евра, за заокружување на овој голем трансфер. Самир досега настапуваше во Кина, каде заработувашње 6,5 милиони евра годишно во дресот на Џиангсу сунинг.

 

Се вчитува...