Самjуел Ето повика на војна против Египет

Вториот патник во финалето на Афричкиот Куп на нации ќе го дознаеме денеска по натпреварот во Јаунде помеѓу Камерун и Египет од 20 часот. Во него домаќините влегоа по триумфот против Гамбија, додека Египјаните славеа против Мароко.

По четвртфиналниот натпревар жесток говор имаше Самjуел Ето, легендарниот фудбалер кој денеска ја заврши функцијата претседател на репрезентцијата на Камерум во кој повика на војна.

„Дечки, се што направивте денеска морате да го повторите во четврток. Мора да играте со ист менталитет и да се подготвите дека тоа ќе биде војна. Војна, дечки. Така морате да играте на натпреварот, како да одите во војна“, говореше Ето.

Снимката вирално се прошири на социјалните медиуми, а одговор стигна и од селекторот на Египет, Карлос Куиероз кој го критикуваше поранешниот ас на Барселона.

„Гледам дека Самјуел заборави дека луѓе загинаа на тој стадион и дека ништо не научил од играчките денови. Фудбалот не е и не смее да биде војна, туку среќа, славје и натпреварување. На неговиот повик за војна ние ќе одговориме со фудбал. Ние сме тука да ги развеселиме луѓето, а не да ги убиваме“, вели Куиероз осврнувајќи се и трагедијата која се случи на стадионот на почетокот на натпреварувањето.

Се вчитува...