Арсенал одигра само 1-1 на гостувањето против ВБА, откако домаќините со гол од пенал во 89. минута ја расипаа прославата на Арсен Венгер. Францускиот стратег го надмина рекордот на Алекс Фергусон откако седеше на својата 811. премиерлигашка средба на клупата на „топчиите“, но нема по добро да го памети овој натпревар поради загубените два бода кои би можеле да бидат многу значајни во битката за висок пласман на табелата.
Месут Озил поради проблем со коленото не настапи во Бирминген, а згора на тоа повреди за време на овој натпревар заработија и двајцата стандардни првотимци, Колаѓинац и Кошиелни, сериозен проблем за Венгер ако се знае дека „топчиите“ во следното коло ги очекува пресметка со шампионот Челси.
Алекис Санчез беше прецизен од слободен удар во 84. минута и се чинеше дека тоа ќе биде доволно за победа, но пет минути подоцна судијата Мајк Дин покажа на белата точка по играњето со рака на Чемберс, по што Џеј Родригез ги постави конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА