Екипите на Торино и на Јувентус одиграа 1:1 на Олимпико Гранде Торино во Дерби дела Моле во 20. коло во Серија „А“. Дуелот го одбележаа исклучувањата на двајцата тренери Паоло Ваноли и Тиаго Мота во 56. миута од средбата, откако двајцата меѓусебно се скараа за интервенцијата на Савона против Карамо пред шеснесетникот на гостите.
Резултатот на гостите го отвори Кенан Јилдиз во 8. минута. Домашните вратија преку Влашиќ во судиското надополнување од првиот дел.
Во второто полувреме со неколку одбрани се истакна Вања Милинковиќ-Савиќ кој ги спаси домашните од негатива бранејќи неколку удари.
Јувентус одигра уште еден разочарувачки меч. Нема брз проток на топка, нема игра претпознатлива за овој тим, и уште еднаш одиграа нерешено на разочарување на своите фанови.
Останува да се види како ќе пазари некогашниот првак на пазарот зимава, со оглед дека големи имиња меѓу кои и Араухо се вртат околу „Алијанц Стадионот“ во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА