Аталанта и Јувентус одиграа одличен меч на стартот од 34. коло од Серија А, откако во дуел со бројни шанси двата тима на крајот ги поделија бодовите (2-2). „Старата дама“ има за што да жали бидејќи беше подобар противник во второто полувреме и се до 89. минута имаше водство од 1-2, но потоа еден краток пад на концентрацијата го чинеше актуелниот првак два бода од оваа средба.
Иако за неколку дена Јуве го очекува првиот полуфинален меч од ЛШ против Монако тренерот Алегри не го ротираше тимот, туку настапи со најсилните единаесетмина, предводени од Дибала, Манџукиќ и Игуаин во нападот.
Првото полувреме мина во тактичко надмудрување во кое подобро се снајдоа домаќините, кои со голот на Конти во 45. минута на одмор заминаа со предност од 1-0. Сепак, тоа беше само мотив повеќе за Јуве да заигра шампионски во второто полувреме, во кое „црно-белите“ целосно доминираа на теренот. „Старата дама“ стигна до израмнување со автоголот на Спинацола во 50. минута, а при резултат 1-1 гостите не искористија неколку одлични шанси преку Дибала, Игуаин и Кедира.
Јувентус стигна до заслужено водство кога Дани Алвеш со глава го совлада голманот Бериша, но несмасната интервенција на гостинските дефанзивци Аталанта сепак успеа да стигне до бод со голот на Фрулер во 89. минута.
Актуелниот првак со ова реми сега има девет бода предност, но и натпревар повеќе во однос на второпласираната Рома, на четири кола до крајот на сезоната.
Andrea Conti Goal HD – Atalanta 1-0 Juventus… by riqezi
Leonardo Bonucci Goal HD – Atalanta 1-1… by FansBarcelona
Dani Alves Goal HD – Atalanta 1-2 Juventus – 28… by fotlive
2-2 Freuler Goal HD – Atalanta 2-2 Juventus… by sofiene-l
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА