Само бод за Манчестер Сити на тешкото гостување кај Њукасл

Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити ги поделија бодовите во 6. коло од Премиерлигата ремизирајќи со 1-1 во суперинтензивна битка на „Сејнт Џејмс Парк“.

Манчестер Сити беше оној кој прв поведе на средбата со голот на Гвардиол во 35. минута, а минималната предност гостите ја одржуваа се до 57. минута кога од белата точка Гордон постигна гол за конечните 1-1.

За „граѓаните“ тоа е второ реми по ред во силниот англиски шампионат, додека Њукасл Јунјатед одново освои бодови откако претрпе пораз во претходното коло.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...