Само детали го делат Луис Диаз од потпис со Барселона

Крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Диаз е многу блиску до потпис на договор со Барселона. Колумбиецот е приоритет за „каталонците“ во летниот преоден рок и во следните денови треба да биде промовиран во дресот на каталонскиот гигант.

Иако има договор на уште две години, Ливерпул ќе добие обесштетување за овој трансфер. Барселона сака да ангажира крилен фудбалер, откако пропадна можноста да биде ангажиран Нико Вилијамс, а од друга страна Маркус Рашфорд не е по мерка на тренерот Ханс Флик.

И покрај тоа што Барселона имаше конкуренција во саудиските клубови за потписот на Диаз, сепак, самиот играч отрфли можност да се пресели во Саудиска Арабија, па така потписот со Барселона е се поизвесен.

Ливерпул нема ништо против да го продаде играчот, затоа што ќе им требаат пари за ангажман на Флоријан Вирц, кој ќе дојде на „Енфилд“ за 100 милиони евра. Целиот трансфер на Диаз би требало да чини околу 60 милиони евра, односно 40 милиони веднаш, и 20 милиони низ дополнителни бонуси.

Се вчитува...