Илија Несторовски е многу блиску до потпис со членот на Серија „Б“ тимот на Тернана, јавуваат италијанските медиуми. Според нив, македонскиот репрезентативец ги има договорено сите услови за премин во клубот, остануваат само детали.
Несторовски е без клуб, откако му заврши договорот со Удинезе. Во минатото настапуваше и во Палермо, кој истотака беше заинтересиран за неговите услуги и ова лето.
Имаше и неколку други клубови заинтересирани, но Несторовски ја одбрал Тернана, и наскоро ќе има потпис на договорот. Во моментов репрезентативецот тренира индивидуално за да остане во форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

