По вчерашната ждрепка за групите во новата сезона 2023/24 во Лигата на шампионите, веќе е дефинирана и процентуалната веројатност околу тоа кои се најголемите фаворити за освојување на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Според обложувалниците Манчестер сити е огромен фаворит за освојување на ЛШ и во новата сезона. На тимот на Пеп Гвардиола се даваат дури неверојатни 30,8% од шансите за повторно освојување на Лигата на шампионите. Далеку пред сите други, затоа што на второто место според шансите е Баерн Минхен со само 15,4% веројатност.
На третото место е Реал Мадрид со 11,1% шанси, а прилично изненадување е тоа што Арсенал е на четвртото место со 7,7%.
Во ТОП 10 фаворити за освојување на ЛШ се и Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Њукасл, а Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на деветтата позиција, пред Атлетико Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

