Само еден чесен сет успешно парирање на моќната Италија за крај на Европското првенство!

Македонската одбојкарска репрезентација се чини сосема очекувано доживеа убедлив пораз со  3-0 (25-20, 25-12, 25-15) од европскиот и светски шампион Италија во осминафиналето на Европското првенство 2023.

На пресметката во спортскиот центар „Палафлорио“ во Бари, Македонија успешно парираше само во првиот сет, а потоа домашната моќна селекција презеде се во свои раце за лесна победа.

Одличен прв сет одиграа избраниците на Јошко Миленковски целосно парирајќи на домашните фаворит. Иако Италијанците постојано имаа предност, сепак преку капитенот Никола Ѓоргиев и Љафтов се одржуваше дистанцата. Македонија имаше и 23-20 во финишот, но Италија успеа да добие два завршни поени за прв сет од 25-20.

Вториот сет, пак, за заборав далеку полоша игра на Македонија и целосна доминација на домашните одбојкари. Се стекнаа Италијанците со рана предност одржувајќи ја до крај за 25-12 во вториот сет.

Во третиот сет иста приказна како и во вториот. Некако се одржуваше ритам до 12-8, а потоа повторно Италија со серија поени дојде до 17-8, и тогаш беше јасно дека нема да има можност за изненадување и во третиот сет кој Италијанците го добија со 25-15.

Македонската репрезентативна одбојка, во секој случај, запиша историја за себе со пласманот во Топ 16 меѓу најдобрите репрезентации на Стариот континент!

Се вчитува...