Само еден гол на полувреме на четири меча во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Помалку и неатрактивно почнува новата сезона во Лигата на шампионите која воведе нов систем. Иако навивачите беа навикнати во вторник и среда да гледаат по осум супер интересни мечеви, во вечерниот термин денеска има само четири од кои дури на три нема голови на полувреме.

Во репризата на финалето од 2023 година Манчестер сити и Интер на „Етихад“ по 45 минути играат 0-0. Истиот резултат е и на дуелите Клуб Бриж – Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен – Жирона.

Единствениот погодок вечерва падна на натпреварот меѓу Селтик и Слован Братислава. Домаќините по првото полувреме имаат предност од 1-0 со голот на Скејлс во 17. минута.

Celtic 1-0 Slovan Bratislava – Liam Scales 17'
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...