Само еден играч на Барселона се прерадува што Меси не се враќа на „Камп Ноу“

Со месеци Хуан Лапорта и таткото на Меси, Хорхе работеа на враќање на најдобриот фудбалер на сите времиња во Барселона, но на крај не дојде до такво нешто.

„Барселона ништо не можеше да ми гарантира за враќањето. Клубот минува низ тежок период. Чекав до последен момент, но понуда не пристигна. Да беше до парите ќе отидев во Саудиска Арабија или на некое друго место. Одлуката ја донесов од друга причина. Со Барселона не дојдовме до момент за пари, затоа што секако сакав да се вратам. Но, немаше никаква понуда од нивна страна“ – истакна Меси кој сега кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами во САД.

И, додека трансферот во САД и недоаѓањето кај нив ги погоди сите во Барселона, на тоа се прерадува само еден фудбалер.

Камен од срце му падна на Ансу Фати кој ќе остане во Барселона, но ќе го задржи бројот 10 на грбот без разлика на тешката сезона. Овој 20-годишник има цврст договор до 2027 година и Чави би сакал да се ослободи од него, но тешко дека ќе дојде до трансфер.

Се вчитува...