Само еден новинар не гласаше за Меси или Халанд во изборот за „Златна топка“

Лео Меси неодамна ја освои осмата престижна награда „Златна топка“ откако ја предводеше аргентинската репрезентација до врвот на светот, освојувајќи го Светското првенство кое се одржа во Катар, а притоа беше дел и од шампионскиот тим на ПСЖ во Лига 1.

Меси освои најголем дел од гласовите и ја предводеше листата со вкупно 462 бодови, што е за 105 повеќе од второпласираниот Ерлинг Халанд и 192 гласови повеќе од третопласираниот Килијан Мбапе.

Во гласањето за „Златната топка“ учество зимаат по еден новинар од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ФИФА листата, но немаат обврска сите да гласаат па оваа година гласовите ги делеа 92 новинари. А, само еден од нив не го смети Меси или Халанд меѓу првите петмина.

Тоа е камерунскиот претставник Емануел Самник според кој претходната година најдобар фудбалер бил Килијан Мбапе, а по Французинот следат: Кевин де Брујне, Родри, Андре Онана и Бернардо Силва.

Од 92 члена на „жирито“, Меси беше прогласен за најдобар во 65 случаи. Халанд доби 21 глас за првото место, а Мбапе само пет.

Се вчитува...