Македонија ќе настапи со подмладен состав на СП 2023, но нашата селекција воедно ќе го има и еден од најмладите стручни штабови од сите репрезентации на претстојниот мундијал.
Нашиот кормилар Кире Лазаров е втор најмлад селектор на овој шампионат, веднаш зад Патрик Ромбел од Полска. Ромбел ќе ги води Полјаците на 39-годишна возраст, додека Лазаров (роден во мај 1980 година) е најмлад од четворицата стратези кои со 42 години ќе го дочекаат овој мундијал.
Врсници со македонската ракометна легенда се и Роберто Гарсија Парондо од Египет, Урош Зорман од Словенија и Чема Родригез, кој ќе ја предводи Унгарија на ова СП.
Топ-листата од десет најмлади селектори на ракометниот мундијал во Полска и Шведска ја комплетираат Маркус Оливеира од Бразил (43 години), Зоран Рогановиќ од Црна Гора (45), Хрвоје Хорват од Хрватска (45), Гилјом Жил од Франција (46) и норвешкиот кормилар Јонас Виле (46).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

