Изминативе денови многу се зборува за Михаел Шумахер поради венчавката на неговата ќерка. Наводно, Михаел се појавил на свадбата на Џина Шумахер и одбрани гости можеле да видат како е тој, а сега англиските медиуми открија дека само еден Формула 1 возач смее да го посети!
Откако најголемиот возач во историјата доживеа несреќа на скијање во 2013 година на француските Алпи, многу малку луѓе имаат пристап до него и можат да го видат и да поминуваат време со Шумахер. Здравствената состојба на сега 55-годишниот поранешен Ф1 возач е обвиткана во тајност, а неговата сопруга Корина внимателно избира кој може да го види.
Сега се пишува дека семејството само на еден поранешен колега му е дозволено да го посети кога сака, а тоа е Фелипе Маса. 43-годишниот Бразилец во кариерата возеше за Заубер, Ферари и Вилијамс, а има 11 победи и 41 подиум. Во 2006 година дојде од Заубер како млада надеж да му биде партнер на Шумахер и требаше да остане само една сезона, но бидејќи Шумахер го напушти тимот по таа година, во италијанскиот тим остана до 2013 година.
Иако заедно возеа само една година, јасно е дека создале посебна врска, а од Ферари, освен Маса, може да го види само поранешниот шеф на Скудерија, Жан Тод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА