Само една четвртина од ваучерот ќе може да се троши на странски спортисти

Пратениците во македонското Собрание денеска го добија Предлогот за измените на Законот за спорт по скратена постапка во кој е наведен начинот на распределба на државните пари во износ од 10 милиони евра и на кој начин клубовите и националните федерации ќе може да ги трошат.

Најголема промена во однос на досегашниот закон е членот 14 во кој со измените ќе се донесе одлука странските спортисти кои ќе играат во македонските клубови да можат да добијат само четвртина од целиот ваучер кој ќе го добие клубот.

Се вчитува...