ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Дека Вардар е многу блиску да се пласира во следната фаза во Лигата на Конференции, покрај убедливата предност доказ е и традицијата.
Вардар досега нема „прокоцкано“ предност од повеќе од два гола на реванш. Само еднаш кога Вардарци имале водство од првиот меч, биле елиминирани, и тоа во дуелот со Копенхаген кога имаа минимална предност од 1-0.
Интересно е што и тогаш на клупата на Вардар седеше Гоце Седлоски, а во 2017 година во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, Вардарци имаа предност од 1-0 во Скопје, а потоа на реваншот беа поразени со 4-1, во несреќен сплет на околности и беа елиминирани од натпреварувањето.
Тоа е единствен пат Вардарци да бидат елиминирани откако имале предност во првиот меч, додека на останатите дуели секогаш кога имале водство, се пласирале понатаму.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

