ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски
Ланскиот шампион, ЧСМ Букурешт, по поразот од Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта, не е повеќе во игра за одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Но, остана една ракометарка која може да ја „одбрани“ шампионската титула и втора година по ред да се најде на победничкиот подиум во Лигата на шампионите – голманката на Вардар, Мајса Песоа.
Бразилката минатата година беше дел од тимот на ЧСМ Букурешт со кој на сензационален начин стигна до европската титула. Но, по две години поминати во Букурешт, Песоа потпиша за Вардар и минатото лето се пресели во Скопје. И сега со Вардар ќе игра за нова шампионска титула
На вчерашното полуфинале против својот поранешен тим, Песоа не доби шанса да застане на голот на Вардар покрај расположените Амандин Лејно и Ина Суслина. Но, како и целиот тим на македонскиот шампион, подготвена го чека денешното финале со Ѓер и посакува уште една шампионска титула, овој пат во дресот на Вардар.
„Навистина се надевам дека по три полуфиналиња, Вардар годинава ќе игра во финалето и ќе ја освои титулата“ – вели Мајса Песоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА