Само Меси е подобар од него – Тевез го освои 27. трофеј во кариерата (ВИДЕО)

Карлоз Тевез ја освои 27 титулa во кариерата, со што стана втор најтрофеен аргентински фудбалер во историјата. 35-годишниот напаѓач го освои аргентинскиот супер-куп во кој неговата Бока Јуниорс по пенали беше подобра од Розарио Централа.

Со освојувањето на супер-купот Тевез го помина Лучо Гонзалез и сега пред него е само Лионел Меси, кој во кариерата досега освои 35 титули. Тевез покрај со Бока Јуниорс освојуваше трофеи и со Коринтианс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

 

 

Се вчитува...