Само на Балканот: Клуб му нашол сместување на свој кошаркар во затвор!

Кошаркарскиот клуб Сутјеска од Фоча, се одлучи на несекојдневен потег кој одекна во јавноста. Клубот на „Инстаграм“ се заблагодарил на Казнено-поправниот дом во Фоча, затоа што му овозможил сместување на свој кошаркар. 

Не е познато за кој кошаркар станува збор, но ситуацијата е крајно бизарна.

„Се заблагодаруваме на управата на Казнено поправниот дом Фоча на чело со в.д. директорот Бојан Костиќ што овозможија сместување на еден од нашите кошаркари во ресторанот „Дрина“. Ви благорадиме на вашата поддршка“, стои во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK Sutjeska Foča (@kk_sutjeska_foca)

Се вчитува...