Српскиот тренер Изет Љајиќ по 23-ти пат ќе седне на клупата на српскиот прволигаш Нови Пазар. Меѓутоа Љајиќ само ќе фигурира како прв тренер, со оглед дека на тоа место е назначен Дамир Чакар кој што не поседува лиценца, па така неговиот престој е ограничен на само два натпревари.
Чакар ќе комуницира со играчите и ќе биде главен тренер, но во записниците Љајиќ ќе се води како шеф на стручниот штаб. Вакви „избегнувања“ на лиценци има и во македонските прволигаши.
„Повикот од мојот клуб и од Дамир Чакар не можев да го одбијам. И кога си заминував од Нови Пазар, клубот не замина од мене. Овој клуб не можам да го одбијам. Имам преку 200 меча на клупата и чувствувам дека и натаму можам да му дадам многу на клубот“, рече Љајиќ.
Дамир Чакар ќе му биде 19-ти човек со кого ќе соработува Љајиќ во овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА