Само неколку часа откако ја освои ЛШ, ПСЖ го „пикираше“ првото засилување

Само неколку часа откако го освои трофејот во Лигата на шампионите, ПСЖ одбра кој играч ќе биде приоритет за нив во летниот преоден рок. Стнаува збор за играчот од средниот ред на Ривер Плејт, Франко Мастантуоно.

Овој 17-годишен фудбалер веќе одигра над 50 меча за Ривер Плејт, а со своите одлични перформанси го сврте вниманието на големите клубови.

Мастантуоно има потекло од Италија, но веројатно неговата иднина ќе биде поврзана со репрезенацијата на Аргентина, затоа што неодамна го доби првиот повик за селекцијата на актуелниот светски првак.

ПСЖ наводно сака да го има Мастатуоно за настапите на Светското клупско првенство во САД.

Се вчитува...