Безмалку сите од УФС-светот очекуваа синоќа победа на Конор Мекгрегор над Дастин Порие, и на тој начин потоа да го предизвика на борба Хабиб Нурмагомедов.
Но, место тоа, Конор мораше да даде губитничко интервју само неколку секунди откако го доби првиот нокаут во кариерата. Но, искрено како никогаш досега, честиташе победа на подобриот…, искрено жалејќи што го посрамотил својот тим.
„Ниските удари кои ги добив во лист беа навистина добри, ногата ми откажа, и не беше како што планирав. Дастин е добар борец, но мора ова да го заборавам и да се вратам. Тоа и ќе го направам. Ми недостасуваат активностите, не можете да бидете неактивен во својата работа. Страшно сум разочаран. Ова е тешко да се проголта. Би сакал подобро да го претставев мојот тим, но тоа е тоа“ – изјави по борбата Конор Мекгрегор.
“I’m gutted.” Conor McGregor reacts after his #UFC257 loss. pic.twitter.com/CJN7a2FuZg
— UFC (@ufc) January 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА