ОФС Кичево од сите 24 општински сојузи во Македонија, не даде поддршка за Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ.
Денеска арбитрите од овој ОФС остварија средба во ФФМ со Масар Омерагиќ, и му ја дадоа поддршката, изразувајќи задоволство од неговиот однос кон нив и силната посветеност на ФФМ за обезбедување на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.
„Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи. Само со фер однос кон сите, ќе ја зачуваме довербата во фудбалот“, им порача Омерагиќ на судиите од ОФС Кичево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

