Само победа против Лихтенштајн, како мотив плус за дуелот со Германија

Македонија безусловно атакува на првите три бода во квалификациите за СП 2022. Во второто коло од мундијалскиот пат македонската фудбалска селекција денеска во Скопје го пречекува аутсајдерот Лихтенштајн, во желбата и за прва победа по поразот од пред три дена во Букурешт од Романија. Триумфот треба да биде мотив плус за следното гостување, против Германија на 31. март во Дуисбург.

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Енис Барди вели дека Македонија не смее да размислува на ништо друго освен на триумф, на дуелот на кој ќе биде исклучително важно уште во раната фаза од играта да се отвори резултатот.

Македонската селекција повторно ќе биде без Дарко Велковски во одбраната. Се очекуваат промени во стартниот состав, посебно во нападот кој потфрли на претходниот дуел во Букурешт.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн во 2. коло од квалификациите за СП 2022 се игра денеска од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...