Само Поп-Ацев ќе плива за Македонија на ЕП во Глазгов

Евгениј Поп-Ацев ќе биде единствениот македонски претставник на претстојното Европско првенство во пливање кое што од 3. до 12. август ќе се одржува во Глазгов. Поп Ацев е пријавен на тркитe на отворени води, на 10 километри и на 25 километри.

Други претставници Македонија нема да има бидејќи нашите пливачи не ги исполниле пропишаните норми на ЛЕН за учество на континенталниот шампионат.

Евгениј Поп-Ацев е олимписки стипендист и потенцијален кандидат за Игрите во Токио во 2020 година. На  ЛОИ може да се натпреварува на делницата од 10 километри.

Пливачкиот шампионат е дел е новиот настан што во иднина ќе биде традиционален, а на кој истовремено се одржуваат европските првенства во атлетика, пливање, гимнастика, триатлон, веслање и голф.

Првенството во пливање и во oстанатите спортови со исклучок на атлетиката ќе се одржуваат во Глазгов, атлетскиот шампионат е во Берлин. Целиот настан почнува денеска и ќе трае до 12 август.

 

 

Се вчитува...