Само пред еден играч Абрамович „паднал на колена“ и го молел да се врати

Рускиот тајкун Роман Абрамович е принуден да го продаде Челси поради санкциите по руската инвазија над Украина. Па Абрамович е принуден да ја прекине врската со Челси долга 19 години.

Голем број навивачи на Челси се врзани со Абрамович ако се знае дека тој е човекот кој од еден просечен тим во Англија успеа да направи гигант, еден од најтрофејните сега на Островот и бројни европски титули.

Абрамович е поврзан и со најголемите трансфери во историјата на клубот, и иако делуваше главно од сенка има еден редок случај кога лично замина во куќата на својот игра за да го моли да остане.

Глен Џонсон на „Сметфорд бриџ“ беше од 2003 до 2007 година, и е едно првите засилувања на Абрамович во Челси. Пред да премине на Енфилд од Портсмут, во кој замина од Челси, во куќата му „упаднал“ лично Абрамович…

„Кога го напуштив Портсмут имав две отворени опции – враќање во Челси или дури и Манчестер сити, а јас го одбрав Ливерпул. Абрамович тогаш дојде кај мене дома и се обиде да ме убеди да се вратам. Бев блиску до тоа…“ – открива Џонсон кој играше шест сезони за Ливерпул за кого потпиша договор вреден 18.5 милиони фунти, освојувајќи го Лига купот во 2011 година.

Се вчитува...