„Само Реал Мадрид се жали, Флорентино глуми супериорно суштество…“

Во шпанскиот фудбал како да е невозможно да владее мир и хармонија, дури и во текот на летото кога нема натпревари на терените во Примера дивизион.

Реал Мадрид повторно отвори фронт кон раководството на Ла Лига, оценувајќи го како нерегуларно првенството уште пред тоа воопшто да стартува. Причина – инсистирањето на „кралевите“ да им биде одложен мечот од првото коло поради настап на клупскиот мундијал во САД, нешто што категорично беше одбиено од страна на челниците на Ла Лига.

Очекувано, експресно стигна одговор од страна на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој ја продолжи војната со Флорентино Перез.

„Реал Мадрид е клуб кој константно се обидува да ги искриви правилата, да бара привилегии. Досега имаат поднесено барем 100 жали на пропозициите на Ла Лига, кои ние инсистираме да бидат почитувани од сите клубови подеднакво. Флорентино Перез се однесува како супериорно суштество, но тоа нема да му пројде кај нас, тука сите се еднакви…. Ме чуди како само Реал Мадрид се жали. Челси и ПСЖ играа финале, овие клубови не бараа одлагање на своите натпревари во домашните лиги. Само во Реал измислуваат дека играњето на клупскиот мундијал им е проблем, но не им се проблем огромните пари што ги заработија на тоа натпреварување“, одговори Тебас.

Се вчитува...