Само Саудијците се подготвени да му ги исполнат желбите на Санчо

Епизодата на Џејдон Санчо во Челси заврши откако клубот од „Стемфорд Бриџ“ не успеа да се договори со англискиот репрезентативец за годишните примиања.

Побарувањата на Санчо изнесуваа 300 илјади фунти на неделно ниво, сума која е преголема за Челси кој во 25-годишникот не гледа стандарден првотимец кој би бил еден од оние со најголеми примања во тимот па тој се врати назад во Манчестер Јунајтед.

Санчо нема да остане во Манчестер Јунајтед, а голема е веројтноста дека следната дестинација ќе му биде Саудиска Арабија каде за негов потпис се заинтересирани Ал Хилал и Ал Наср, клубови кои нема да имаат проблем да му ја исполнат желбата за голема плата.

Се вчитува...