Само што го ослободија од Барселона, си најде ангажман во европскиот гигант

Слободниот агент Серхи Роберто, кој од пред неколку дена беше ослободен од Барселона, си најде нов ангажман. Тој во иднина ќе настапува за холандскиот и европскиот гигант Ајакс.

Тимот од Амстердам е заинтересиран за Шпанецот, а и тој нема ништо против да се пресели во овој тим. Во следните неколку дена би требало да се случи овој трансфер.

Роберто целата кариера ја мина во Барселона, за која одигра преку 250 натпревари. Во минатото беше дел и од Б тимот. Во каталонскиот тим мина цели 18 години, и сега се разделува. Беше и шпански репрезентативец, а за селекцијата на „Фуријата“ има одиграно 11 натпревари.

Се вчитува...