Хајдук и Динамо Загреб денеска во Сплит ќе го одиграат големото дерби на хрватскиот фудбал, по кое многу работи ќе бидат појасни во борбата за титулата.
Сепак, не почна се добро. Малку по девет часот наутро, на сплитска Пујанка избувна бунт. Очевидци виделе како бегаат голем број навивачи кои влегуваат во автомобилите на минувачите да се скријат, а наеднаш се појавиле голем број полицајци, пишува Слободна Далмација.
Полицијата спречи ширење на физички конфликт меѓу припадници на Торцида и БББ. На градските улици можело да се види голем број полициски возила под ротација кои се упатуваат во правец на Пујанка.
Како што неофицијално дознава Слободна Далмација, се работи за договорена акција на навивачите на Динамо и Хајдук, 200 на 200.
„Околу 9.15 часот добивме дојава за конфликт меѓу поголем број лица во областа Пујанка во Сплит. Полициските службеници многу брзо пристигнале на местото на настанот, го прекинале понатамошниот конфликт и го воспоставиле јавниот ред и мир. Голем број лица се донесени во службените простории, ќе бидат уапсени и ќе се врши истражување на нив. Се трага по останатите учесници“,соопшти сплитската полиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

