Шарл Леклер на самиот почеток од сезоната веднаш ја заработи и првата казна во Формула 1 шампионатот, откако денеска беше обелоденето дека веќе за наредната трка мора да биде извршена надградба на системот за моќност во болидот на Ферари.
Асот на Ферари имаше многу проблеми на премиерната трка во Бахреин што мораше предвреме да ја заврши, а тимските инжињери и покрај напорите не успеаја да ја поправат електрониката во болидот. Поради ова, веднаш мора да биде вграден нов систем што според правилата значи и автоматска казна од десет места пред стартот на трката во Џеда.
Формула 1 шампионатот ќе продолжи со трката во Саудиска Арабија закажана за 19 март, по што ќе следи трката за ГН на Австралија закажана за 2 април во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА