Само што прими, Холандија даде трет гол – стрелаше двојниот асистент (ВИДЕО)

Холандија во 81. минута го реши прашањето околу победникот и веројатно ќе се пласира во 1/4 финалето на Светското првенство во Катар.

Само што дадоа гол Американците и намалија на 2-1, Думфрис успеа да погоди од волеј по нафрлена топка од Блинд од левата страна, и да се запише во листата на стрелците за 3-1 на Холандија.

Инаку Думфрис беше асистент на првите два гола на „лалињата“.

Се вчитува...