Српскиот кошаркар на Фенербахче, Никола Калиниќ вчера одново се здоби со повреда и ќе мора да паузира од четири до шест недели. Овој пат се работи за повреда на левиот скочен зглоб, а незгодата се случи во првата четвртина од средбата против Макаби.
Калиниќ минатата недела се врати на терените во полн погон, откако четири месеци се справуваше со повреда на грбот поради која го пропушти Евробаскетот и почетокот на клупските првенства во оваа сезона. Крилото на актуелниот европски првак е вистински малер кога се работи за повредите, новата 2018 година ќе ја дочека на патерици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА