Познатиот тениски тренер Патрик Муратоглу верува дека Џек Дрејпер е играчот кој има најголеми шанси да ги предизвика Јаник Синер и Карлос Алкараз и во иднина да им ги „расипе сметките“.
Италијанско-шпанскиот тандем доминира во машка конкуренција со осум титули на последните исто толку Грендслем турнири.
Според Муратоглу, Дрејпер може да им застане на патот, но под еден услов.
„Јас го кажав тоа пред неколку години, ако Џек нема проблеми со повреди, сигурно е меѓу првите пет. Тој има потенцијал да се натпреварува со Алкараз и Синер“ – вели Муратоглу притоа дополнувајќи и за сите атрибути што го красат Дрејпер.
„Тој има сè што му е потребно за да биде успешен. Тој е неверојатен натпреварувач. Тој е многу амбициозен и паметен. Имам многу почит кон него и мислам дека има исклучителна игра. Тој има и голема сила. Неговиот проблем се честите повреди. Иако играше само шест месеци оваа година, тој сè уште е во Топ 10. Тоа зборува многу за неговиот потенцијал“.
Дрејпер освои една титула оваа сезона, а вкупно три во кариерата досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

