Само трофеј во Евролигата може да го задржи Јасикевичиус во Барселона

Зад Шарунас Јасикевичиус е уште еден неуспех на клупата на Барселона откако литванскиот стратег не успеа да стигне ни до полуфиналето на Купот на Шпанија. На патот на каталонците застана Уникаха уште во четвртфиналето, а подоцна преку Реал Мадрид и Тенерифе тимот од Малага стигна и до трофејот.

Договорот на младиот стратег со каталонскиот клуб важи до крајот на сезоната, а доколку не ја освои Евролигата ќе мора да најде нов ангажман, пренесуваат шпанските медиуми. Литванцеот седна на „жешкото столче“ на местото на Светислав Пешиќ, но и покрај тоа што се очекуваше да го донесе тимот на следното ниво, не успеа во својата намера.

Како потенцијална замена се јавува Чави Паскал, последниот тренер кој и ја донесе евролигашката титула на Барселона во 2010 година, додека доколку замине од Шпанија, нема да биде изненадување Јасикевичиус да се врати во уште еден свој поранешен клуб, Панатинаикос.

Се вчитува...