Само во Хрватска: Судија тужи тренер за нанесување душевна болка

Хрватскиот фудбалски судија Фран Јовиќ ја продолжува правната битка со Игор Тудор, испраќајќи нова тужба против поранешниот хрватски репрезентативец, за нанесување на душевна болка.

Причина е изјавата за Тудор, кој сега е тренер на Хајдук, од пред неколку години, кога прашан кој ќе биде шампион, тој типуваше на Динамо, со образложение дека ако биде тесно, тогаш „ќе решаваат разни Јовиќи, Матоќи и Цоњари“. Јасна е асоцијацијата дека „модрите“ ќе имаат судиска помош, а од ваквата изјава се навреди Јовиќ, кој реши правдата да ја бара по судски пат, барајќи сума од околу 4.000 евра.

Судот во Загреб во 2019 година пресуди во корист на Тудор, но судијата не се откажува, па за задутре е закажанo рочиште на второстепениот Суд во Загреб по жалбата на Јовиќ.

Се вчитува...