Само во Кина: Шангај СИПГ водеше со 2-0, но ќе останеше без трофеј поради чудно правило

Шангај СИПГ славеше во дуелот од Супер-купот на Кина против Пекинг Гуан со 2-0, но малку недостигаше победникот на оваа средба службено да го загуби мечот, поради чудно правило кое важи само во оваа земја од Далечниот Исток.

Имено, Кинеската Фудбалска Федерација инсистира на секој натпревар тимовите на теренот да имаат по тројца домашни играчи до 23 години, но бидејќи станува збор за фудбалери со послаб квалитет тренерите вообичаено ги ставаат во игра во самиот финиш од мечот.

Тренерот на Шангај ја подготвуваше замената во 90. минута при рутинско водство од 2-0, кога противниците увидоа дека тоа е нивната шанса за чудо. Имено, фудбалерите на Пекинг потоа две минути успеваа да ја одржат топката во игра, не дозволувајќи да дојде до прекин за измената да се изврши. Да не дојде до службен пораз на неговиот тим се погрижи поранешниот фудбалер на Челси, Бразилецот Оскар, кој направи прекршок во 93. минута, младиот играч влезе во игра, правилата беа задоволени, па тимот на Шангај СИПГ на крајот се радуваше на трофејот.

Се вчитува...