Самоил Ристевски ќе игра за Е.Пелистер

Самоил Ристевски, досегашниот играч на Е.Пелистер 2, во следната сезона ќе игра за првиот тим на битолскиот состав, односно ќе биде дел од Е.Пелистер.
Ристевски е кадетски и младински репрезентативец, и игра на позицијата кружен напаѓач. Играше две сезони во Суперлигата, настапите во плеј-офот, а беше дел и на младите селекции на Македонија.
„Ристевски премиерно го облече новиот зелено-бел дрес, кој промотивно екипата на Еурофарм Пелистер ќе го носи на Суперкупот на Македонија во Гевгелија на 4 септември 2024 година. Наскоро тој ќе биде достапен и за нашите навивачи!“, велат од Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...