„Самоубиство“ на Србите, загубија од Австрија, но се уште се со шанси за главна рунда

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Србија пропушти идеална можност да се пласира во главната рунда од ЕП 2026 откако го загуби денешниот клучен меч против Австрија со минимални 25-26. Победа ќе значеше сигурен пласман во следната фаза, но Србите и со овој минимален пораз останаа во игра за втората позиција, за што ќе им биде потребно Германија во последниот меч од групата да загуби од Шпанија.

Србите слабо го почнаа полувремето, немаа гол во првите шест минути (0-2) пред Борзаш прв да го совлада австрискиот голман Мустл. Во првиот дел можеше да се проследат бројни пресврти, а Србите заминаа на одмор со минимални 13-12, откако промашија и пенал во последната минута. Со егал меч се продолжи и во вторите 30 минути, a проблемите за нашиот северен сосед се зголемија откако Австрија на десет минути до крајот поведе со 20-22.

Нападот потфрли во клучните моменти, српските ракометари се мачеа да го совладаат Мустл. Во завршницата беше јасно дека Австрија ќе биде, но се играше околу разликата од три гола, бидејќи Австрија со „плус четири“ ќе беше во игра за второто место, а Србите мораа да ја спуштат негативата под три за да се во игра за главната фаза (за што им е потребен пораз вечерва на Германија од Шпанија). Во драматичната последна минута Милосављев одбрани пенал при „минус два“, по што Којадиновиќ стрелаше прецизно за конечните 25-26.

Хрватска го трасираше патот до главната рунда со втората победа во низа, овојпат над Холандија со резултат 35-29. „Лалињата“ парираа 46 минути на светскиот вицешампион, но Хрватите заиграа најдобро кога беше најважно, се одлепија резултатски во завшрницата.

Мартиновиќ беше клучна фигура со девет погодоци, а по пет гола за Хрватска постигнаа Срна и Шоштариќ.

Се вчитува...