Сампаоли: Дембеле игра како аутист, и Мбапе е таков

Слваниот аргентински тренер Хорхе Сампаоли испрати жестока критика кон репрезентативецот на Франција, Усман Дембеле дополнително разгорувајќи го односот помеѓу Аргентинците и Французите.

Сампаоли воопшто не е фан на 27-годишниот Дембеле изјавувајќи дека игра како аутист, а во овој контекст го спомена и неговиот соиграч од репрезентацијата Килијан Мбапе кој неодамна стана нов фудбалер на Реал Мадрид.

„Дембеле игра како да е аутист. Започнува акција и сака да ја заврши сам. Тој нема способност да го натера соиграчот да блесне, тој само сака да засјае сам. И Мбапе и таков“, изјави Сампаоли, а неговата изјава брзо го заобиколи светот.

Дембеле во светот на фудбалот е познат по неговата брзина, играта „еден на еден“ и техниката, но често знае да ја заврши акцијата со погрешно додавање или непрецизен удар.

Се вчитува...