Аргентинскиот селектор Жорге Сампаоли денеска на прес-конференција го објави составот со кој „гаучосите“ утре ќе излезат на мегдан против селекцијата на Исланд.
Јасно е дека сите работи во играта на Аргентина ќе се вртат околу Лео Меси, а пред асот на Барселона во нападот ќе се најде Серхио Агуеро. Тандемот на Јувентус, Пауло Дибала – Гонзало Игуаин, мечот ќе го стартува од клупата за резерви.
„Очекувам составот со кој ќе излеземе на премиерата да покаже карактер и квалитет. Агуеро е мојот избор за прв напаѓач. Меси и Дибала заедно? Можеби во подоцнежниот дел од мундијалот“ – изјави Сампаоли.
СОСТАВ АРГЕНТИНА: Кабалјеро, Салвио, Отамендо, Ројо, Талјафико, Маскерано, Билја, Меца, Меси, Ди Марија, Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА