Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли упати жестоки критки кон репрезентативецот на Франција, Усман Дембеле нарекувајќи го аутист, но брзо се покаја па и се извини за неговиот коментар.
Зборовите на Сампаоли наидоа на жестока реакција од јавноста, а тој вели дека немал цел да ги навреди луѓето со попречен развој, туку тој само говорел за себичноста.
„Сакам да бидам јасен. Не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите“, изјави Сампаоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

