Севилја доживеа елиминација од англискиот премиерлигаш Лестер во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето во Англија со 2-0. Тренерот на шпанскиот тим, Хорхе Сампаоли, смета дека Севилја не заслужила елиминација, а како кобни ги посочи промашените пенали на Кореа и на Нзонзи, по еден на двата меча против Лестер.
„Голманот на Лестер бранеше многу добро и на двата натпревари, успеа да одбрани два пенали. Мислам дека тоа го одлучи двомечот. Но, ние дефинитивно не заслуживме да бидеме елиминирани според прикажаната игра. И со десет фудбалери игравме пред нивниот гол, но, за жал, не успеавме да постигнеме погодок. На првиот меч имавме многу шанси, но исто така затаивме во реализацијата“, изјави Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА