Сампаоли се откажува од Икарди и од Дибала за мундијалот во Русија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Хорхе Сампаоли од списокот за СП во Русија ќе отпише две големи ѕвезди – Мауро Икарди и Пауло Дибала. Според најавата на аргентинскиот селектор, шансите тие да се најдат на списокот за Русија се многу мали.

„Не се дефинитивно отпишани, но нивните настапи во националниот тим се многу послаби од оние во клубот. Едноставно, морам да дадам приоритет на разбирањето на терен“ – изјави Сампаоли.

Репрезентацијата на Аргентина на СП во Русија ќе игра во групата Д со Исланд, Хрватска и со Нигерија.

Се вчитува...