Сампдорија ќе биде казнета со одземање бодови доколку до 16. февруари не им ги исплати заостанатите плати на играчите и вработените во клубот, пишува „Газета дело Спорт“.
Како што се наведува, Сампдорија нема исплатено плати за последните три месеци од 2022 година, за што и се потребни 11 милиони евра за да ги подмири долговите кон играчите и вработените во клубот.
Весникот понатаму наведува дека е тешко да се очекува дека Масимо Фереро, кој се уште е сопственик на поголемиот дел од акциите, ќе инвестира пари во клубот за навреме да го реши овој проблем бидејќи тоа би значело дека тој му дал на клубот финансиска „инјекција“ вредна меѓу 35 и 50 милиони евра.
Доколку платите не се исплатат до 16. февруари, избраниците на Дејан Станковиќ ги чека одземање бодови. А и без таа потенцијална казна тимот од Џенова очајно се бори за опстанок во Серија А бидејќи има само девет бода од 20 меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА