Сампдорија пак ќе го убедува Несторовски

Сампдорија повторно е заинтересирана за Илија Несторовски, откако поранешниот италијански првак ја интензивираше потрагата по нов голгетер по променливите игри на стартот од сезоната (три бода по првите две кола). Самп постигна само два гола на овие две средби, очигледен е недостатокот на класичен голгетер во тимот, поради што раководството на клубот повторно се заинтересира за Несторовски, кого го бараше и во јануари годинава, но Македонецот тогаш реши да остане во Удинезе.

По истекот на договорот со Удинезе нашиот голгетер е слободен играч, но Несторовски и покрај неколкуте понуди се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. Тој делуваше дека е пред потпис со Тернана, но ситуацијата се промени откако Козенца влезе во трката. Сега кога Сампдорија исто така испрати понуда, Нестор-гол повторно размислува која опција е најдобра за него во моментов.

Поранешниот ас на Палермо не беше стандарден во последните години во Удинезе, но се очекува да ја има улогата на прв напаѓач во новиот клуб, кој најверојатно ќе биде дел од Серија Б.

Се вчитува...