Талентираниот чешки фудбалер Патрик Шик ја напушта Сампдорија и станува нов член на Јувентус. „Старата дама“ повеќе од еден месец се интересира за овој одличен офанзивец, за синоќа претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, да потврди дека сите детали од овој трансфер се веќе договорени.
„Преговорите се заклучени и сега сме во фаза на размена на договорите за ставање потпис на нив. Нема дилеми, Шил сакаше да игра во Јувентус, ние му ја исполнивме таа желба. Тој практично и сега е член на тој клуб“ – истакна Фереро.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус платил 25 милиони евра за овој фудбалер, кој настапува за младинската селекција на Чешка на ЕП за играчи до 21 година. За очекување е Шик да ги мине подготовките со првиот тим на Јувентус, по што тренерот Алегри ќе донесе одлука дали да го задржи во екипата, или да го испрати на едногодишна позајмица во клуб каде би имал улога на стандарден првотимец.
Шик, кој минатото лето дојде во Сампдорија од Спарта Прага, за клуб од Џенова одигра 35 натпревари, притоа постигнувајќи 13 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА