Одличните игри во дресот на Ријека во првиот дел од сезоната придонесоа Стефан Ристовски да стане актуелен во зимскиот преоден рок. Сампдорија важеше за фаворит во трката по македонскиот репрезентативец, но последните информации говорат дека тимот од Џенова не успеал да се договори со хрватскиот лидер, по што преговорите се целосно запрени и нема да продолжат.
Како што стојат работите во моментов, Ристовски е најблизу до трансфер во Турција, и тоа во екипата на Басакшехир која веќе стартувала преговори со Ријека. Челниците на турскиот клуб за приоритет во овој преоден рок го имаат Кристијан Атсу од Челси, но се сериозно заинтересирани и за ангажман на нов десен бек – при што на врвот на листата со желби го имаат токму Македонецот. Како што јавуваат турските медиуми, двата клуба се многу близу до постигнување договор, па Стефан Ристовски во најскоро време ќе се пресели во Турција.
Истанбул Басакшехир е сензација во турското првенство, откако оваа екипа по 16 одиграни кола има скор од 10 победи и шест реми и се наоѓа на првото место на табелата, со еден бод предност во однос на Бешикташ и „три плус“ пред Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА