Самсоненко го продаде клубот – ФК Вардар и официјално доби нов сопственик

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доби нови сопственици откако вчера беа продадени акциите кои беа во сопственост на РК Вардар, односно Сергеј Самсоненко пренесува фактор.мк. 

Самсоненко Вардар го продал за вкупно 32.500 илјади евра, а новиот сопственик кој се уште не е познат ги наследил и долговите на клубот кои изнесуваат околу три милиони евра.

Неофицијално нов сопственик на ФК Вардар е скопската компанија „Блу Скај“, која веќе стопанисува во црвено-црните, а која летово доби зелено светло и од град Скопје.

 

Се вчитува...